Живот
19. July 2015 - 19:58

Секоја година на 1 август се слушаат чудни гласови - Родителите стравуваат за своите деца

Легендата вели дека еднаш годишно помеѓу 1 и 2 август се нешто чудно се случува кај Неретва. Реката има чуден шум, а се слушаат и детски гласови. 

Како што пишува Ексклузива.ба, граѓаните велат дека секоја година на истиот датум не смеат да се бањаат во реката и да се спасат од горештините, бидејќи се случува нешто од што им се заледува крвта. Таа ноќ допираат чудни гласови од реката, па родителите сфатиле дека децата никако не смеат да ги пуштат во таа околина. 

Приказната пристигнува од далечното минато во Мостар. На 2 август дошол млад дечко со смеѓа коса. Не се знаело кој е и од каде, а не низборувал. Одел по Мостар, разговарал со луѓето и бил многу добар и образован. За да се разлади една вечер влегол во реката и од тогаш никој не го видел. Со денови се трагало по неговото тело, но залудно.

Сега, секоја година на тој ден се случува нешто чудно кое никој не може да го објасни.