Секој ден нека ви започне со овој сок, дознајте кои се огромните придобивки

Во морето од модерни намирници и диетални суплементи забораваме на основната храна која треба да ја имаме дома. Морковот е дел од неа.
Дознајте кои се придобивките од него:
1. Го зајакнува имунолошкиот систем
Ова е особено важно во текот на сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и спортот, можете да пиете и чаша сок од морков, во која има многу витамин Ц, кој како што веќе знаете самото тело не е во состојба да го произведе.
2. Го подобрува видот
Речиси сите знаат дека ова е вистина: витаминот А не само што е моќен антиоксидант, туку и е важен извор на хана за очите. Недостатокот на витамин А предизвикува ноќно слепило.
3. Помага да не јадете нездрава храна
Кога нешто ви се јаде (најчесто од досада), најчесто посегнувате по бонбони или чипс. Но, ако наместо тоа пиете сок од морков, ќе се чувствувате сити подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 г протеини, така што ова е одлична ужина.
4. Ја подобрува состојбата на кожата
Благодарение на витамините А и Ц, кожата бргу зараснува, произведува повеќе колаген, а клетките стануваат здрави.
5. Помага при контролата на притисокот
Ако боледувате од хипертензија, сокот од морков дефинитивно ќе ви помогне. Калиумот помага во отстранувањето на негативните ефекти на солта и го држи притисокот под контрола. Калиумот исто така е добар и за срцето.
6. Помага при стомачни проблеми
Сокот од морков ќе ви помогне при надуеност. Ја намалува количината на гасови и помага во нормалното варење.
7. Го намалува холестеролот
Покрај притисокот, сокот од морков помага и при одржување на холестеролот што има благотворно дејство на здравјето на целото тело.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
