Loading Video...
Фудбал
22. January 2021 - 18:48

Сејдини: ФФМ ќе се спротистави на сите нефудбалски притисоци

ФФМ денеска на прес конференција одговори на АМС на вчерашното соопштение во кое се тврди дека федерацијата работи спротивно на Законот за спорт што е утврдено со инспекцискиот надзор. 

Според претседаттелот Муамед Сејдини, ФФМ нема право на жалба на решението на второстепената комисија но има право на тужба ккоја согласност законите е поднесена и е поведен управен спор против државната комисија за одлучување во втор степен. 

Сејдини го прозва и првиот човек на АМС, Наумче Мојсоски. 

„Со факти и одлука на хартија да им покажеме и потврдиме колку не знаат и колку не се срамат што не знаат.

За тоа, драг Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт – се одговара.

Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава.

Одбивав да верувам во таквите „игри без граници“ сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“- изјави меѓу другото Сејдини и најави дека  Фудбалската федерација на Македонија ќе продолжи да се спротивставува на било каков притисок кој не доаѓа од фудбалското семејство. За сѐ друго сме отворени за соработка се цел продолжување на сонот кој го живееме“ рече на крајот претседателот на ФФМ.