Балкан
9. February 2017 - 11:43

Сеизмолози очекуваат силен земјотрес во реонот на Мраморно Море

Сеизмологот Халук Озенер, професор на Босфорскиот институтот за земјотреси при опсерваторијата „Кандили", тврди дека следниот силен земјотрес во Турција се очекува да се случи близу истанбулскиот кварт Мармара.

- Наредниот силен земјотрес, по моја проценка, со јачина од над седум степени, очекуваме да ја зафати Мармара, за жал. Но, што може да направиме? Земјотресите се природни појави. Немаме начини да ги спречиме, вели професорот.

Според него, анадолскиот и егејскиот блок се лизгаат на запад спротивно на стрелката на часовникот.

- Има многу голем набој на енергија. Шансата од силен, катастрофален земјотрес во Турција, се проценува на 80-90 проценти, нагласи Озенер.