Ракомет
28. October 2015 - 19:42

СЕХА: Втор пораз за Вардар

Ракометарите на Вардар го забележаа и вториот пораз во СЕХА лигата откако вечерва загубија на домашен терен од Мешков Брест со 28:27. Стартното водство на гостите од Белорусија од 5:0 се покажа како решавачко бидејќи „црвено-црните“ воопшто не успеаја да поведат во натпреварот.

Во вториот дел Вардар во три наврати изедначи - 19:19; 24:24 и 25:25, но не успеа да поведе и притоа во последниот напад ракометарите на Вардар погрешија.
Алекс Душебаев со 6 голови беше најефикасен кај Вардар, додека Арпад Штербик имаше 9 одбрани (само во вториот дел). Растко Стојковиќ со 8 голови беше најефикасен на дуелот.
Денеска се одигра и натпреварот Татран Прешов - ППД Загреб 30:23, што е прв пораз на шампионот на Хрватска. 
Во тек е дуелот Нексе - Макс Струмица.