Loading Video...
Ракомет
9. December 2019 - 19:42

СЕХА: Вардар вечерва домаќин на Татран Прешов

Ракометарите на Вардар ќе се обидат да ја задржат лидерската позиција во А- групата од регионалната Сеха лига.  За тоа им е потребна барем една победа  во последните две средби против Татран Прешов и  Нексе. 
Токму екипата на Татран Прешов гоствува вечерва во Скопје  во рамките на регионалното натпреварување.  По се што се случуваше во редовите на црвено-црните треба да очекуваме вечерва на паркетот во салата Јане Сандански  ревија на млади ракометари кои можат да бидат екстра освежување не само вечерва туку и во продолжението од сезоната.  Вардар  е фаворит против гостите од Прешов  кои се на третото место во групата зад  Вардар и Мотор. 
Ова воедно ќе биде и последниот натпревар на Европскиот првак пред својата публика во годината што изминува.  Ќе следува пауза во која Вардар ќе мора да бара решение за консолидација на тимот.  Дилемите се отворени а првото прашање на новинарите на последната прес конференција беше дали ќе биде ангажиран нов тренер на позицијата која сега ја извршува спортскиот директор Едуард Кокшаров