Ракомет
1. February 2023 - 20:09

СЕХА: Вардар ја отвори сезоната со победа против Партизан

Македонскиот ракометен шампион Вардар со победа ја започна новата сезона во СЕХА лигата. Вечерва во Скопје совладан белградски Партизан со 31-26. 

Интересен натпревар во кој црвено-црните имаа предност во првиот дел од 4 поени но на пауза се замина со само два гола разлика. 
Во вториот дел Партизан притисна и дојде до израмнување 19-19 во 42-та минута но немаше сили за подвиг, Вардар се разигра и на крајот славеше убедливо. 
Талески беше најефикасен со 9 погодоци, 8 постигна Манасков а 7 Стоилов. 
Мечот мина во убава атмосфера што ја приреди навивачката група „Комити“ кои заедно со ракометарите побараа помош и спас за ФК Вардар.