Loading Video...
Ракомет
9. December 2018 - 19:43

СЕХА: Металург немоќен против М.Брест

Ракометарите на Металург и покрај искрените желби не успеаја да остварат победа против  шампионот на Белорусија, Мешков Брест во СЕХА лигата од кој попладнево загубија во СКопје со 34-28.

                Уште од самиот почеток гостите од Белорусија направија предност која ја одржуваа во текот на целиот натпревар иако Металург  знаеше да се доближи  на гол негатива.

          Сепак македонскиот вицешампион  повторно правеше грешки играше брзоплето и дозволи противникот лесно да триумфира со што останува во трката за  завршниот фајнал фор додека за нашиот претставник ова е 9-ти пораз  во СЕХА лигата.

          Ивиќ и Ѓорѓиќ постигнаа по 10 погодоци во тимот на Мешков Брест додека во редовите на Металург се истакна Рибеиро со 8 гола.