Loading Video...
Ракомет
15. October 2018 - 19:11

СЕХА: Да се победи Железничар

Ракометарите на Металург имаат убава шанса да се вратат на победите. Во среда во Скопје во рамките на СЕХА лигата гостува српскиот Железничар на чело со Веселин Вујовиќ на тренерската позиција.  Се очекуваат полни трибини и добра атмосфера што може да го повлече македонскиот преставник кон значајна победа по слабите игри во ЛШ.

Првиот стратег на тимот Данило Брестовац очекува добра игра по направените анализи на средбата со Чеховски Медведи и доколку играчите добро се одморат и победа против квалитетниот противник.

Средбата се игра во среда во 20.15ч во спортската сала Борис Трајковски.