Балкан
28. April 2016 - 12:56

Седум причини зашто сопругот на убиена Јелена и е насомнителен на полицијата!

Теории и нагодувања има во изобилство, за сега, ниту една од тие не го откри сторителот на злочинот.

Пејачката Јелена Крисмановиќ Марјановиќ брутално беше убиена на 2 април додека трчала по насипот во близина на својата куќа.

Можеби најужасно всушност е тоа што во целата прказна членовите на семејството се најсомнителни. Не поминаа на полиграфот, даваа контрадикторни изјави цело време постои сомневање дека нешто кријат и не ја кажуваат потполно вистината.

Уште еден детал кој семејството на починатата го става во многу непријатна ситуација е и фактот како што открија форензичарите дека целата куќа на семејството Марјановиќ, по убиствиото на Јелена, детално е исчистена со варакина.

Дури и тепихот кој форензичарите при претресот на куќата го земале, бил целосно исчистен со варакина. Интересно е тоа што дури и ѕидовите виле измиени.

Сепак, од сите и понатаму најсомнителен  всушност е сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ.

Ова се седумте причини поради кои Зоран е под „лупа“, како и кај јавноста, така и кај полицијата.

Зоран два пати е подложен на полиграф и два пати не поминал.

Рацете, по убиството, му биле крвави и изгребани.

Даваше контрадикторни изјави за тоа каде бил и што правел, пред, за време и по убиството.

Исчезнувањето на сопругата Јелена го пријавил по четири часа.

Сведоците тврдат дека Јелена и Зоран се скарале непосредно пред убиството.

Пријателите на парот откриле дека Зоран бил целосно опседнат со својата сопруга.

Зоран заедно со членовите од семјството целосно ја исчистиле куќата со варакина.

Полицијата по разговорот со мајката на Зоран, Зорица, истражува можност дека убиецот можеби е еден од нејзините клиенти кои ги лечела со своите „посебни“ моќи.