Македонија
28. August 2020 - 14:01

Седум новозаболени од коронавирус во Кавадарци, 177 од почетокот на пандемијата

Седум новозаболени лица од коронавирус во Кавадарци, се регистрирани во последните 24 часа. Три од нив, се здравствени работници. Оваа општина има евидентирано дека вкупно 177 лица заболеле од Ковид-19  од почетокот на пандемијата до денес.

Доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, за МИА потврди дека новозаболените се на возраст од 42 до 73 години. Четири женски и три машки лица. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување. Се утврдуваат нивните контакти со цел нивна изолација.

Од почетокот на пандемијата досега, во Кавадарци починаа две лица со коронавирус, од кои еден странски државјанин.