Балкан
29. April 2017 - 19:29

Седум лица повредени во пожар на танкер во Мраморно Море

Седум лица се повредени во пожарот, што избувна денеска на танкер во Заливот Коџаели, во Мраморното Море, соопшти турската телевизија НТВ.

Првично беше соопштено дека пожарот започнал за време на истоварувањето на танкерот. Според последните податоци, танкерот за превоз на течен гас бил празен.

На местото на инцидентот се испратени многу пожарникарски екипи.

Опожарениот танкер се наоѓа на 600-700 метри од објектите на нафтената рафинерија Тупраш.

Продолжуваат напорите за ладење на танкерот и гаснењето на пожарот.