Македонија
30. May 2016 - 8:38

Седници на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници.

На дневниот ред на првата седница е разгледувањето на Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2015 година.

На втората седница ќе се расправа за Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето, почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2015 година.