Македонија
29. September 2015 - 8:42

Седници на две собраноски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за надворешна политика и за еднакви можности на жените и мажите.

Пред членовите на Комисијата за надворешна политика отчетно обраќање ќе има амбасадорот Енвер Абдулахи за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Кралството Норвешка.

На дневен ред на седницата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите е Извештајот за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2014 година.