Македонија
24. March 2016 - 15:25

Седница на Советот на Народната банка на Република Македонија

Вкупно 22 редовни и една вонредна резивија минатата година извршила Дирекцијата за внатрешна ревизија чиј извештај беше разгледан на денешната седница на Советот на Народната банка на Република Македонија. 

Притоа, како што соопшти НБРМ, дадени се 54 препораки. - На редовна квартална основа се следеше спроведувањето на дадените препораки и сознанијата од извршените следења укажуваат на високо ниво на остварување, се вели во соопштението.

На денешната седница се донесени и измените на Одлуката за условите што треба да ги исполнуваат хартиите од вредност во странство во кои може да вложува овластена банка. Измените се однесуваат на трансакциите со деривативните инструменти на пазарот преку шалтер, односно сега домашните банки ќе може да склучуваат вакви трансакции со било која странска банка, а не како досега само со матичните банки.  

- На овој начин, ќе се овозможат предуслови за подобрување во процесот на управување со ризиците од страна на банките и нивна поголема флексибилност во настапот на девизниот пазар, се вели во соопштението од НБРМ.