Македонија
18. July 2019 - 10:20

Седница на собраниската Комисија за здравство

Собраниската Комисија за здравство денеска ќе ја одржи 25-тата седница на која ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите.

Со измените и дополнувањата во Законот се врши вклучување на сите можни облици на дискриминација со цел заштита од појава на секаков облик на дискриминација при користење здравствени услуги, вклучително попреченоста и родовиот идентитет за еднаквост во остварување на правата и обврските на пациентите, како и вклучување на претставници на здруженијата на лицата со попреченост и жените жртви на насилство во работата на комисиите за унапредување на правата на пациентите.