Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на седницата се Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022 и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија, во второ читање.
Во Парламентот денеска претседателката на Комитетот за односи меѓу заедниците, Арбана Пашоли ќе има работна средба со хрватската експертка Николина Патален и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), Еран Куртиш.
Комитетот за односи меѓу заедниците е постојано работно тело на Собранието. Една од основните задачи на Комитетот е да разгледува прашања од односите меѓу заедниците и да дава мислења за нивно решавање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна