Седница на Државната изборна комисија
Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и усвои Извештајот на ДИК за преземените работи согласно член 153-а од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот од мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија, по известувањето од претседателот на Собранието на Република Македонија за престанок на мандатот на пратеникот Невенка Стаменковска Стојковски.
На дневен ред е и Предлог решението за внатрешна распределба на вкупниот одобрен буџет за 2020 година во Државната изборна комисија, како и разгледувањето и усвојувањето на годишниот план за потреби од јавни набавки во 2020 година по програма 20 – Државна изборна комисија и 21 – Изборни активности.
Членовите на ДИК ќе ги разгледаат и дописите до МВР, МИОА, Управа за извршување на санкции и основни судови за достава на податоци за спроведување на референдум на локално ниво во Дојран, што ќе се одржи на 2 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен