Македонија
19. March 2016 - 16:35

Седница на Државната изборна комисија

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево во 18 часот ќе ја одржи 22-та седница која е отворена за јавноста.

На седницата треба да биде разгледан и усвоен Извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различните бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список.

Како што соопшти ДИК, на дневен ред е и утврдувањето на начинот на постапување по неконзистентни записи во Избирачкиот список утврдени со Извештајот од проверките и статистичките анализи, вкрстените проверки на различни бази на податоци и евиденции заради ажурирање на Избирачкиот список врз основа на Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список.