Loading Video...
Фудбал
6. July 2022 - 14:19

Седлоски: Имаме голема предност, но треба максимално да се подготвиме за реваншот

Македонскиот првак Шкупи прв настапи прв од македонските преставници во европските фудбалски купови.
 
Тимот од скопски Чаир ја оправда улогата на фаворит во дуелот со претставникот на Гибралтар, Линколн, па на реваншот ќе патува со три гола предност.
 
Во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите, иако Чаирчани, го добија првиот дуел во Скопје со 3-0, тренерот Гоце Седлоски по натпреварот истакна дека иако со „една нога“ веќе се во следната рунда, сепак ќе мора фокусирано да се одигра реванш дуелот. 
 
 
Реваншот ќе се игра по седум дена, а доколку Шкупи не ја прокоцка стекнатата предност, тогаш во следната рунда ќе игра против хрватскиот шампион, Динамо Загреб за кого настапуваат македонските репрезентативци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.