Свет
11. November 2019 - 22:21

Се затресе југот на Франција: Четворица повредени во потресот од 5,4 степени

Најмалку четири лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,4 степени по Рихтерова скала кој денеска ја потресе Франција, извести францускиот дневник „Фигаро“.

Весникот наведе дека земјотресот причинил помала материјална штета.

Земјотресот се случил во регионот Дром, меѓу Лион и Марсеј, околу пладне, со епицентар кај градот Монтелимар, пренесе АП.

Како што се наведува земјотресот се почувствувал во Монпеље, Лион, Сент Етјен, Авињон и Марсеј.