Македонија
8. July 2019 - 10:46

Се запалил телевизор, изгоре куќа во Лозово

Вчера во 14.35 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, општина Лозово, во куќа сопственост на М.Ј.(61) од Пробиштип поради дефект на телевизор настанал пожар.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Свети Николе. Повредени лица нема.

Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.