Се запали туристички брод во Нов Зеланд, сите патници спасени

Сите 60 патници и членови на екипажoт на туристички брод што се запали во близина на брегот на Нов Зеланд се спасени, откако бегајќи од пожарот скокнале во морето, соопшти денеска локалната полиција.
Бродот полн со туристи се враќал од островот Вакари, активен вулкан во заливот Пленти, кога дошло до пожар.
Очевидци виделе дека огнот избувнал во моторот на бродот, како и оти потоа брзо се проширил по целиот брод, додека тој се наоѓал на околу километар од брегот.
- Огнот се проширил по целиот брод, па патниците морале да скокнат во вода, се наведува во полицискиот извештај.
- Во акцијата на спасување луѓе од водата учествуваше еден чамец за спасување, како и одреден број помали локални пловила. Потоа хеликоптерот извршил пребарување од воздух, за да потврди дека сите луѓе се спасени. Извршена е проверка на списокот на патници и утврдено е дека сите се спасени, наведе полицијата.
Едно лице е префрлено во болница поради вдишување чад, а друго се здобило со помали повреди кога скокнало од бродот во водата.
Засега не се знаат причините за пожарот.
Ново на Сител
-

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка
-

Возел „фолксваген пасат“ со брзина од 107 километри на час на место каде е дозволено 50, приведен 38-годишник
-

Пoчинa пoeтeсaтa д-р Слaвицa Свидерскa
-

Седум до десет продолжени викенди во 2026, ова се сите неработни денови
-

На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари
-

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија
-

ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година
-

Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија
