Македонија
22. August 2017 - 13:09

Се запали стан на „Партизанска“, спречена голема трагедија

Рано утрово околу 04,10 часот во Штип во зграда на ул.„Партизанска“ од засега непознати причини настанал пожар во стан сопственост на Д.Н. (62). Околу 04,50 часот пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна едниница- Штип.
 
Во пожарот нема повредени лица, ниту материјална штета по однос на останатите станови.
 
Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.