Македонија
25. March 2018 - 13:52

Се запали подрум во зграда во Скопје

На улица „Лука Геров“ во Скопје, вчера во 23.50 часот од засега непознати причини, настанал пожар во кој биле опожарени повеќе подрумски простории. 

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.