Македонија
4. November 2018 - 10:45

Се возел со револвер низ Кочани, полицијата уапси 25-годишно момче

Ноќеска во 00.50 часот на место викано „Подлошка крстосница“ во Кочани полициски службеници стопирале патничко возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, управувано од Л.А.(25) од село Прибачево, кочанско.

При преглед на возилото бил пронајден и со потврда одземен еден револвер непозната марка.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.