Свет
6. July 2021 - 8:37

Се уште нема инфрмации за 24 лица кои се водат како исчезнати при свлечиште во Јапонија

Властите во крајбрежниот град Атами во централниот дел на Јапонија се уште немаат информации за 24 лица, три дена откако во областа се случи лизгање на земјиштето.

Градоначалникот Сакае Саито денеска изјави дека десетици луѓе се јавиле да потврдат дека се живи, бидејќи општината објави список со 64 жители на Атама, за кои се сомнева дека исчезнале при лизгање на земјиште.
 
– Се јавија многу луѓе, но за 24 лица се уште не се знае ништо, изјави Саито.

При лизгање на земјиштето загинаа четири лица, а 1.100 членови на спасувачките екипи и денеска продолжија со потрага по исчезнати. Се проценува дека се оштетени околу 130 куќи и згради.

Атами се наоѓа на околу 90 километри југозападно од Токио, а беше погоден од невреме проследено со поројни врнежи од дожд.