Македонија
10. September 2019 - 16:25

Се уште нема билет за едно возење

Поминаа првите десет дена од септември, а граѓаните и туристите се уште не можат да се возат во еден правец со автобус. Билетите за едно возење, не се пуштени во употреба. Ова и понатаму останува проблем за оние кои ретко користат јавен превоз или доаѓаат од внатешноста.

Граѓаните се револтирани и бараат што побрзо да се врати во употреба билетот за едно возење. Корисниците на услугите на ЈСП велат дека користењето на јавен превоз е превилегија само за одредена категорија граѓани.  

Потпаролаката на ЈСП Деспина Трајковска Димова вели дека рокот за пуштање на хартиените билети во употреба бил сооопштен ориентационо, бидејки станувало збор за голем тендер. Сигурни се само дека цената нема да биде како онаа која важеше пред неколку години.

Цената допрво ќе се утврди, извесно е дека ќе биде повисока од 35 денари. Не станува збор за обична хартија, туку билет со специјално вграден чип. Тој ќе може да се валидира на постоечките валидатори во возилата. Согласно роковите од договорот со избраниот понудувач, постапка се уште е во тек, велат од јсп.

Билет за едно возезе за сега може да се плати само преку мобилен телефон, услуга која постарите граѓaни велат дека им е комплицирана за активирање и користење.