Свет
4. March 2017 - 19:54

Се урна „МИГ 23“ на сириското воено воздухопловство, пилото се катапултирал

Турција денеска соопшти дека на сирската страна од границата се урнал борбен авион „МИГ-23“, веројатно на сириското воено воздухопловство, а се верува дека пилотот успеал да се катапултира.

Авионот се урна  на сириската страна од заедничката граница, јавија британските медиуми.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим соопшти дека е во тек потрага по пилотот, кој можеби се спуштил на турската страна од границата.

Тој додаде дека засега не е познато зошто авионот се урнал., но спомена дека можеби временските услови се причина за инцидентот.