Свет
7. March 2020 - 15:52

Се урна хотел во Кина, полн со пациенти кои биле во карантин поради коронавирусот

Се урна хотел на пет спрата во градот Кванхоу, во Кина. Се уште не е познато колку луѓе останале затрупани во урнатините, а засега се евакуирани 16 лица.

Хотелот се урнал околу 19 часот по локално време, а на видео-снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како спасувачите ги пребаруваат урнатините за да ги спасат преживеаните.

Според изворите на одделни кинески медиуми, овој хотел е користен како карантин за пациенти поради коронавирусот.