Свет
2. August 2021 - 15:43

Се урна хеликоптер во САД, четири лица загинаа

Во хеликоптерска несреќа во Колуса, Калифорнија загинаа четири лица, јавија американски медиуми.

Во соопштението на Федералната управа за авијација (ФАА) се наведува дека хеликоптер Робинсон Р66 се урнал во 13 часот и 15 минути по локално време во Колуса, северно од Сакраменто.

Од канцеларијата на шерифот на Колуса за локалната телевизија КХТВ изјавија дека четири лица загинале на самото место, а нивниот идентитет не е соопштен.

Несреќата ќе ја испитаат ФАА и Националната агенција за безбедност во сообраќајот.