-->
-->
Се тресеше цел ден: Серија катастрофални земјотреси ја погоди Индонезија, неколку загинати, урнати куќи и згради
-->
Најмалку пет лица загинаа вчера при новите земјотреси крај индонезискиот остров Ломбок, информираа локалните власти.
Тие соопштија и за бројни урнати згради и панични сцени.
Две лица загинаа во Ломбок, а три на соседниот остров Сумбава.
Земјотрес со интензитет од 6,3 беше регистриран вчера изутрината источно од Ломбок, а вечерта уште еден посилен со интензитет од 6,9. Нема предупредување за цунами.
Околу 500 лица загинаа, а неколку илјади беа повредени, при серија земјотреси крај Ломбок на крајот на минатиот и почетокот на овој месец.
Според првични податоци, материјалната штета се проценува на 348 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк