Балкан
4. December 2016 - 10:36

Се тресе Балканот, серија земјотреси утрово

Нов земјотрес од 2.8 степени утрово ја стресе Грција. 

Послаб земјотрес од 2.6 степени денеска имало и во Хрватска. 

Земјотресот во Грција се случил во 3.50 часот и бил на длабочина од 2 км, а  во Хрватска потресот бил во 4.07 часот. 

Синоќа бил регистриран земјотрес од 4,6 степени по Рихтер во Грција. 

Тој бил почувствуван и во соседна  Албанија. 

Утрово земјотреси имало во Италија, Франција, Кипар, Турција.