Балкан
7. July 2015 - 16:32

Се спремате да летувате во Црна Гора - Погледнете по која цена продаваат сладолед



Наместо 30 денари колку што чини овој сладолед во Македонија или 60 динари во Србија, во Херцег Нови хотелот Ривиера на туристите им го наплаќа овој сладолед по цена од 2,80 евра односно 170 денари.
 
Општо познато е дека на летување прехранбените продукти се поскапи за разлика од цената по која сме навикнати да ги купуваме. Така во Црна Гора цената на сладоледот "капри" е поголема за пет пати од онаа во Македонија.
 
На фотографијата која кружи низ социјалните мрежи може да се види дека овој турист за два "капри" сладоледи платил дури 5,60 евра односно околу 340 денари, додека во Македонија истите чинат 60 денари.