Балкан
28. July 2019 - 12:15

Се соблекла целосно гола па испила отров во касарната во Бела Црква, покрај трупот пронајдени 80.000 динари и три торби

Олга К. (65) е пронајдена мртва и без никаква гардероба на себе во некогашниот воен објект, а покрај телото биле шишиња со отров за уништување билки.

Трупот на Олга К. (65) завчера е пронајден околу 10 часот од страна на војник во напуштен објект од некогашната касарна во Бела Црква. Се сомнева дека жената извршила самоубиство труејќи се со хербицид.

Војникот кој го нашол телото бил дополнително шокиран од тоа што жената била потполно гола.

Воена полиција

-Врз телото нема видливи повреди кои се нанесени со некое оружје, како ни подливи ниту модринки кои укажуваат дека во прашање е злосторство, велат извори, наведувајќи дека истрагата заедно ја спроведуваат обвинителството и воената полиција.

Објектот во кој е пронајден трупот одамна е напуштен, а војската се наоѓа само на влезот за да ја обезбедува својата територија.

-Полицијата недалеку од поранешната касарна го пронајде и велосипедот на Олга, исто така во оградениот дел од воениот објект. Ќе се испитува како жената воопшто успеала да дојде до таму, без никој да ја види. Покрај нејзиното тело се пронајдени шишиња со отров за уништување на билки, па се сомнева дека таа извршила самоубиство, додава соговорникот.

Исто така, покрај трупот пронајдено е и поголемо количество пари.

Добра сума

-Слушнав дека крај себе имала околу 80.000 динари. Таа никогаш не носеше пари со себе во готовина, посебно не толкав износ. Не знам како и зошто завршила во касарната, а посебно сум шокирана поради фактот што немала гардероба на себе, раскажува роднина на починатата.