Живот
9. May 2017 - 8:43

Се роди нов Џастин Трудо, сириски бегалци во Канада бебето го крстија по премиерот на таа земја

Сириски имигранти во Канада го нарекоа своето дете според премиерот на Канада, Џастин Трудо, во знак на благодарност кон него, дека дозволува влез на бегалци од Блискиот Исток во Канада.

Малиот Џастин Трудо Адам Билан се роди на 4 мај во болница во Калгари. Неговите родители дошле заедно со двете деца во Канада од Сирија минатата година.

- Малиот Џастин Трудо е единствениот канадски државјанин во семејството, и се надевам дека и ние исто така ќе добиеме канадско државјанство, изјави мајката на бебето, Афра за канадските медиуми.

Од ноември 2015 досега, над 40.000 сириски бегалци пристигнале во Канада, пренесува БТА.