Живот
13. November 2015 - 14:39

Се роди двоглаво бебе, лекарите фрапирани

Бебе со две глави се роди во Бангладеш. Станува збор за споени близначки кои имаат заедничко тело, две раце и две нозе. Бебето е породени доцна минатата ноќ со царски рез.

Новороденчето е сместено на интензивна нега во болниката во Дака.

Таткото се фрапирал кога го видел своето бебе со две глави.

-Има две целосно развиени глави. Се храни од двете усти и дише преку двете носиња. Му благодарам на Алах што се живи и мајката и бебето, вели тој.

Тестовите покажаа дека новороденчето има еден сет витални органи и екстремитети како нормалните новороденчиња, само што има две глави. Станува збор за екстремно реткиот синдром на dicephalic parapagus, сијамски близанци кај кои се развило само едно тело.

Овој феномен се случува еднаш во 50.000 до 100.000 раѓања, при што 60 отсто од нив не се раѓаат живи или живеат само кратко по раѓањето.

По раѓањето на ова необично бебе низ Бангладеш се расчу за него и илјадници луѓе дојдоа до болницата каде се роди за да го видат „чудото“.

Во Бангладеш и во Индија ваквите деца со физички абнормалности се сметаат за живи богови.

Таткото на детето кој е сиромашен земјоделец е загрижен за тоа како ќе го одгледува бебето ако за него се потребни посебни работи.

Тој вели дека нема пари ниту за соодветна грижа за мајката на детето.

Во овој случај видејќи новороденчето има само едно тело разделувањто е невозможно.

Настанува кога близнаците се развиваат од една јајце клетка но не се разделуваат целосно.

Минатата година двоглаво бебе се роди во Индија, но починало 20 дена подоцна. Мајката била премногу сиромашна за да оди на ЕХО преглед за време на бременоста.

Во 2008 година во Бангладеш се родило двоглаво бебем но починало кратко потоа.

Има случаи кога и на Запад се раѓаат вакви бебиња. Во јули 2009 година Лиса Чемберлен од Портсмаут ги роди близанците Џошуа и Џејден кои имаа едно тело. Џошуа е роден мртов, а неговиот брат живеел 32 минути и починал во рацете на мајката.

Во САД најпознати се двоглавите близначки Абигејл и Британи  Хенсел кои станаа медиумска сензација откако гостуваа во шоуто на Опра Винфри и во бројни телевизиски документарци.