Македонија
16. October 2018 - 11:45

Се реновира Одделението за физикална медицина во Битола

Менаџментот на Клиничката болница во Битола почна целосното реновирање на Одделението за физикална медицина и рехабилитација. 

Со проектот за целосна реконструкција опфатен е и базенот во тоа одделение кој долги години беше надвор од употреба.

- За брзо време базенот ќе се стави во функција, за жал по десетгодишно неработење. Обезбедена е целосна финансиска поддршка од голем број донатори, стопанственици и хумани пријатели од нашиот град. Од се срце им се заблагодаруваме за целокупната помош и дадената можност сите заедно, за краток временски период, повторно да го ставиме во функција Одделот на хидротерапија, како и некогашната гордост на болницата, базенот. Многу набрзо пациентите од Битола и целиот југозападен дел на Македонија ќе можат да ги користат услугите на базенот, истакна Зоран Лазаров, директор на Клиничка болницата Битола.

Со целосната реконструкција и обнова на Одделението за физикална медицина и рехабилитација опфатен е и санитарниот дел, кој е нефункционален и надвор од потребните стандарди за јавна здравствена установа.