Македонија
16. November 2015 - 12:29

Се регулираат подземните води во Росоманско

Се регулираат подземните води во Росоманско. Како што информираше денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, целта е превентивно да се делува за да се избегнат поплави и ерозија на почвата.

- Овој крај располага со изобилство од подземни води и неопходно е тие да бидат регулирани. Механизацијата е на терен, се регулираат подземните води во Росоман но и во селата Сирково, Манастирец, Трстеник, Дебриште и Рибарци, соопшти Лазов.

Тој рече дека Владата има обезбедено четири тони нафта за оваа намена за росоманска општина, а од буџетот на Локална самоуправа се обезбедени 800 илјади денари.