Македонија
7. July 2020 - 12:19

Се размислува за ново затворање на границите

Нови рестрикции на граничните премини е една од опциите кои ги разгледуваат надлежните по зголемувањето на бројот на новозаразени со Ковид-19 во соседството.

Во текот на вчерашниот ден Македонија по подолг период регистрираше двоцифрен број на позитивни случаи, со 2,5 починати на 1 милион жители земјава и вчера ја имаше најцрната корона статистика во Европа.

Имено Македонија има најголем број на починати пациенти на 1 милион жители меѓу сите земји на стариот континент. Зад нас е Босна и Херцеговина која вчера регистрирала 2,4 починати на 1 милион жители, додека на 3-то место е Молдавија која на 1 милион жители се регистрирани 1,75 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата земјава има регистрирано 346 починати пациенти како последица од компликации со Ковид-19 или 166 жртви на милион жители што е 13-тата најлоша статистика во Европа и убедливо најлоша во регионот кога се прави анализа на бројот на починати пациенти на 1 милион жители.