Се проверуваат просториите за гласање на предвремените избори на 15 јули
Тимови на ДИК составени од членови, вработени во подрачните канцеларии на Комисијата и претседатели на општинските изборни комисии деновиве се на терен во проверка и утврдување на фактичката состојба на избирачките места и изнаоѓање на соодветни просторни решенија што би ги задоволиле безбедносните и здравствените протоколи и мерки за заштита на гласачите и на изборните органи на денот на гласањето на предвремените парламентарни избори. Проверки се прават на избирачки места на територија на целата држава.
Имајќи ја предвид состојбата со ширењето на Ковид-19 и здравствените мерки за заштита, треба да бидат обезбедени поголеми простории кои ќе можат да се проветруваат почесто во текот на целиот ден, а гласање како што најавуваат од ДИК би можело да има во ходници и во спортски сали во училишта. Проблем во смисла на обезбедување на овие здравствени мерки, како што велат од ДИК, би можело да бидат руралните средини со помали простории за гласање, но и таму се прават напори да се обезбедатт соодветни услови согласно мерките за заштита од Ковид-19.
Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вели дека доста висок процент ги исполнуваат овие здравствен мерки. Се што е во училиште, вели тој, исполнува услови. Таму каде што се гласа на втори кат се менува на први, а, како што додава, за гласање ќе се користат и ходници и спортски сали.
Деркоски за МИА потврдува дека ДИК не ги добила здравствените протоколи, но вели дека за време на викендот членовите на Комисијата имале консултации со претставници на Комисијата за заразни болести и дека го очекуваат Протколот, што на седница Комисијата треба да го претвори во упатство за гласање.
Државната изборна комисија до крајот на неделата треба да изврши избор на членовите на т.н здравствени избирачките одбори кои на 13 јули ќе треба да го спроведат гласањето на лицата болни од Ковид, во изолација и самоизолација. Списоците на здравствените работници Министерството за здравство веќе ги доставило до ДИК, а политичките партии списоците со свои претставници. За пополнување на местата во избирачките одбори за шесте изборни единици се потребни околу 500 здравствени работници. Оние лица кои се болни од Ковид-19, носители на вирусот или суспектни за гласање ќе можат да се пријават седум дена пред денот на изјаснување.
Обуката за изборните органи планирано е да продолжи на 29 јуни, со вградени делови кои ќе се однесусваат на заштитата од Ковид-19. Здравствените тимови ќе поминат посебна обука за остварување на правото на глас.
ДИК се уште нема конкретен податок колку од членовите на ОИК и ИО се откажуваат од работата на изборите поради новонастаната ситуација со Ковид-19. Од таму велат дека тие податоци се уште се собираат и дека испразнетите места во избирачките одбори тековно ќе се пополнуваат.
Избирачкиот список за гласањето на 15 јули на предвремените парламентарни избори треба да биде заклучен на 4 јули. Во ДИК се обработуваат податоците кои се добиени од МВР, матичните служби, судови и Управа за санкции.
Во тек е и пријавувањето на набљудувачите кои ќе ги следат кампањата, која започнува на 24 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ.
Се очекува ДИК да одржи седница најверојатно во четврток и да донесе соодветни упатства за кампањата и за денот на гласањето, како идруги одлуки поврзани со изборниот процес.
Ново на Сител
-
Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ
-
Пронајдена дрога при претрес во Струга
-
Лукман: Покажавме дека можеме да се носиме со Реал Мадрид
-
Оклахома го совлада Далас и се пласираше во полуфиналето на НБА Купот
-
Норвешка нема да гласа за домаќини на СП 2030 и 2034
-
Уставниот суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците
-
Започна седницата на Уставен, отсутни судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари
-
Уапсена 29 годишна гостиварчанка, пронајдена дрога, пушка и муниција | ФОТО