Бизнис
25. January 2020 - 16:36

Се проверуваат активностите од проектот за пречистителна станица на Вардар

Првите луѓе на Европската Инвестициска банка во контрола –  до каде е проектот за изградба на пречистителна станица на реката Вардар и како се трошат предвидените пари за оваа намена. Подготвителниот проект е веќе готов, за него ЕИБ обезбеди грант од 10 милиони евра, а останатите 65 милиони евра се кредит од оваа банка и уште 58 милиони евра од  Европската банка за обнова и развој . Проектот е приоритет за главниот град, затоа што постојано расте количеството отпадни води што домаќинставта и фирмите го испушаат во Вардар, со што ја уништуваат животната средина и штетно влијаат врз здравјето на луѓето.   

Ќе се прочитува водата на реката Вардар и ќе се добие чиста, безбедна околина за луѓето, не само во Скопје, туку и во цела држава, како и во соседна Грција, изјави Андру МекДауел, потпрестедател на ЕИБ

Корист од пречистителната станица ќе имаат 600 илјади граѓани кои живеат во Скопје, а урбаните води ќе се филтираат согласно стандардите на ЕУ.

Проектот ќе започне наредната година, во моментов се прави подготвителниот проект, се работи за голема инвестиција, за голем проект, кој очекуваме да биде готов за 3 до 4 години, изјави Дубравка Негре, ЕИБ

Пречистителната станица ќе се простира на површина од 13 хекари, во  општина Гази баба, на левиот брег на Вардар, во областа Трубарево. Проектот ќе се спроведува под водство на Јавното претпријатие Водовод и канализација.