Македонија
9. March 2021 - 19:05

Се продолжува ослободувањето од плаќање аконтации за личен доход за март, април и мај за самостојните вршители на дејност

Продолжување на мерката-ослободување од обврската за плаќање на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2021 година во насока на поддршка на самостојните вршители на дејност при справувањето со последиците од коронавирусот ќе овозможат измените и дополнувањата на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка, чиј текст го утврди денеска на седница Владата на предлог на Министерството за финансии.

-Предложените измени се со цел да се обезбеди поддршка на занаетчиите-паушалисти во справувањето со последиците од коронавирусот, и се дава можност самостојните вршители на дејност во 2021 година да плаќаат за 50% помали аконтации во однос на претходната година како олеснителна мерка за справување на последиците од кризата заради КОВИД-19, информираат од Владата.