Македонија
20. March 2016 - 13:29

Се превртело возило на Шумската полиција, нема повредени

Тројца припадници на Шумската полиција поминале без повреди откако вчера нивното службено возило Лада нива се превртело на покрив, информира портпаролот на  СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според него, инцидентот се случил околу 15 часот над селото Доброште во месноста Воденица кога откажале сопирачките на возилото управувано од Х.А.(40) од Орашје по што тоа се превртело на покривот.

На шумските полицајци на помош им дошле други две лица кои минувале тука, по што, откако го искршиле задното стакло, ги извлекле од возилото.

Полицијата извршила увид и работи на расчистување на случајот, рече Јосифовски.