Македонија
3. October 2019 - 13:07

Се превртел трактор во беровско: Маж со тешки повреди пренесен во болница

Вчера на местото викано „Клепало“, се превртел трактор при што бил повреден 46- годишниот З.П кој веднаш бил пренесен во болница.
 
„На 02.10.2019 во 13.45 часот на излезот на Берово, на место викано „Клепало“, З.П.(46) од Будинарци, беровско, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел“ стои во извештај од полицијата.
 
Во незгодата, З.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Увид бил извршен.