Македонија
10. July 2021 - 11:02

Се преврте полициско возило во Карпош, има повредени

Утрово во околу 4 часот во општина Карпош се превртело полициско возило, пишува "Alsat".

Автомобилот се движел во близина на училиштето "Орце Николов" при што изгубил контрола.

Како што пренесува "Alsat", во возилото имало тројца полицајци и сите биле пренесени во Градската болница.