Македонија
11. March 2018 - 15:43

Се преврте камион на автопатот Скопје - Гевгелија кај Стоби

Камион се превртел на автопатот Скопје -Гевгелија кај Стоби, при што зафатил по две ленти во двата правца, па сообраќајот се одвива по една лента и кон Скопје, и кон Гевгелија.

Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за МИА информира дека неготинска полициска екипа е на терен и во тек е увидот на местото на настанот.

Од МВР информираат дека камионот се превртел оти му пукнала гума, а возачот бил со лесни повреди.