Македонија
17. September 2017 - 12:19

Се прекачувал преку банкина на мостот на Брегалница, паднал во провалија

Синоќа околу 22,20 часот било пријавено дека А.Д.(66) од Штип додека се прекачувал преку банкината на мост на реката Брегалница без да забележи дека било провалија паднал од мостот од висина од околу седум метри.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош истиот бил пренесен во Клиничката Болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и истиот бил во животна опасност по што бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје.

Увид извршила увидна екипа од СВР-Штип.