Македонија
14. јуни 2019 - 16:33

Се повеќе пловни објекти во Охридското езеро, аларм за екологистите

Охридското Езеро станува претесно за брзите глисери, бродови и кајчиња. Екологистите предупредуваат дека со големата френквенција на пловни објекти се уништува биодиверзитетот во езерото.

За подобрување на водниот транспорт тие предлагаат да се користат соларни или електрични чамци кои ќе бидат атракција за туристите а воедно примената на оваа технологија во замена на моторите на внатрешно согорување, ќе придонесе за поголема заштита на еко системот.

Од Капетанија на пристаништата пак на став дека во законот за внатрешна пловидба не постои ограничување на пловните објекти на тој начин според нив  се загрозува слободата на граѓаните додавајќи дека во иднина ќе се внимава по однос на еклошките стандарди на самите мотори, способноста на чамците и  годината на производство.

Експертите велат дека освен со климатските промени охридското езеро старо три милиони години постепено се уништува и  со зголемениот број на пловила.

Засега не постои лимит на пловни објекти на Охридското Езеро,а од година во година нивниот број е се поголем.