Живот
30. October 2016 - 11:48

Се породи познатата македонска новинарка и водителка

Пред неколку дена се породи познатата новинарка и водителка Ана Јовковска и на свет го донесе малечкиот Алекс.

– Првата насмевка на Алекс е почеток на едно поинакво искуство, кое мајките сè уште не нашле зборови да го објаснат, туку велат треба да се доживее – изјави Јовковска по породувањето.

Малиот Алекс на свет го донесе д-р Елизабета Матевска-Атанасовска.

– Им благодариме за прекрасната фотографија и споделените моменти со нашиот тим. Му посакуваме топло добредојде на Алекс и во нашето големо бејби-семејство – изјави д-р Матевска-Атанасовска од приватната клиника „Аџибадем Систина“.

Малиот Алекс на свет го донесе д-р Елизабета Матевска-Атанасовска.